
Иако тврдат дека не се заедно, се почесто ги гледаме заедно.
Мила Кунис и Ештон Качер тврдат дека се само пријатели, и покрај папарацо фотографиите на кои актерската двојка се бакнуваат пред пријателите.
Потоа се забележани и како заедно одат на вечера, но не биле расположени да ги молат фотографите да не ги сликаат.
“Не сум во врска со Ештон Качер, немам време за врски и мажи. Кога ќе имам слободно време, ќе си најдам партнер. Излегувањата и состаноците за мене се многу стресни, поради нив станувам нервозна и вознемирена, па таа количина на несигурност не можам да дозволам да трае во текот на работата”, изјавила 28 – годишната Мила Кунис.
Двојката изгледа сепак ги поврзува нешто повеќе од пријателство, но сепак сеуште јавно не сакаат да признаат, барем за сега.