Катастрофалните предвидувања на научниците за иднината на човештвото.
Институтот за вода во Стокхолм објавил алартманто истражување во кое се укажува дека во светот доколку продолжи трендот на зголемување на население и преголемото искористување на природни ресурси, во иднина ќе снемаме вода за пиење, но и храна.
Во студијата се презентирани нови докази кои укажуваат дека може да дојде до недостаток на храна и извори на питка вода.
На самиот почеток во извештајот се напоменало како денеска во светот постојат повеќе од 900 милиони гладни лица, а дури две милијарди се прегладнети, иако производството на храна се повеќе расте.
Прекумерното производство на храна и нејзиното фрлање се проблеми кои се повеќе се изразени и може да доведат до недостаток на вода на Земјата. Мораме што побрзо да најдеме нов рецепт како ќе се храни светот во иднина“, изјавил уредникот на студијата Андрес Јагерск.
Научниците предложиле неколку решенија кои делумно ќе може да помогнат да не се оствари ова црно сценарио: пред се, редукција на количината на храна која секојдневно завршува во кантите за ѓубре, разивање на подобри мрежи за итна помош во случај на природни катастрофи и зголемување на бројот на инвестиции во земјоделството.