Иднината е во очите – заборавете на далечинскиот управувач

popara1 ноември, 20121min00
haier-retina
Се сеќавате ли на периодот кога ТВ каналите се менуваа рачно? Колку пати ‘сте му се лутеле’ на телевизорот кога сте морале да станете, само што сте се сместиле удобно во фотелјата.

Тогаш изби вистинска револуција кога се појави далечински управувач – и сите го сакаа. Но, да не се лажеме, сигурно по некогаш ви доаѓа да го изудирате кога ќе му се испразнат батериите на сред користење. И тогаш повторно старото.

Но, кој вели дека очите служат само за гледање? Од кинеската компанија Haier ни стигна Eye Control TV, кој на очите ќе им даде и друга работа – контролирање. Бидејќи сензорот е усогласен со мрдањето на очите на корисникот, контролирањето на телевизорот може да почне! Со фокусирање на клучни точки од екранот се активираат UI елементи, па, на пример, прегледувањето на програми и филмови, зголемувањето и намалувањето на звукот или бирањето на друштвени мрежи се врши со помош на различни гестови на окото. Оваа технологија е развиена во соработка со шведската компанија Tobii, благодарение на чии производи личностите кои не можат да се движат или да станат, можат да уживаат во телевизиските канали како и сите други.

За жал, ваквите телевизори се уште не се во продажба, бидејќи се работи на „финото ускладување“ на корисничкото опкружување за оперативниот систем (Windows 7 OS) да не мора да биде посредник меѓу корисникот и производот, туку сензорот да биде дел од самиот екран. Нормално, треба да се решат и реалните проблеми на ваквата технологија, бидејќи дури и домашниот миленик би можел да стане „контролор“. Со тоа, препознавањето на лица не би било лош додаток, поготово во случај собата со телевизорот да е преполна со луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag