Капетанот на Реал Мадрид, Иксер Касилјас во јули ќе се венча со неговата долгогодишна девојка Сара Карбонеро.
Двојката стана позната и надвор од границите на Шпанија пред две години за време на ФИФА Светското Првенство во Јужна Африка, од каде што Сара известуваше. По финалето, откако Шпанија ја победи Холандија, додека Сара се обидуваше да земе изјава од него, тој страсно ја бакна додека одеше директниот телевизиски пренос.
Пред неколку дена беше објавено дека во јули оваа година, по Европското првенство во Полска и Украина, двојката ќе го каже судбоносното “Да”. Точниот датум и место на свадбата сеуште не се познати на јавноста.
Погледнете го бакнежот J
httpv://www.youtube.com/watch?v=_74-_GPvgAQ