Американскиот таблоид се појави со веста дека поранешната детска ѕвезда е зависник од хероин, а сега сака да му обезбеди помош.
Американскиот таблоид National Enquirer објавил насловна со никогашната детска ѕвезда Меколи Калкин и тврдат дека некогашниот актер е зависник од хероин и таблети. Таблоидот испратил и објава на својата официјална страна каде го повикуваат познатиот актер да побара професионална помош.
Неговите претставници не сакале да ја коментираат насловната на која стои дека ‘Меколи Калкин е зависен од хероин: Има уште 6 месеци живот’ и ги нарекле нивните тврдења лажни и навредливи.
“Нашиот совет е Калкин да побара стучна помош за да ја зибегне истата трагична смрт како и многу други ѕвезди, вклучувајќи ја и Витни Хјустон која почина на почетокот на годината”, стои во официјалниот извештај на таблоидот кој се однесува и на пријателот на Калкин, Елијах Росел кој умрел во мај како последица од предозираност на 24 години живот. Елијах и Меколи биле пријатели, а наводно и заедно консумирале опијати. Некогашната детска ѕвезда наводно почнал да се дрогира по прекинот на долгогодишната врска со Мила Кунис.
Калкин според таблоидите веќе 18 месеци се уништува со тешки дроги, а наводно го чекаат уште само 6 месеци живот ако нешто не превземе.