Имате болки во грбот? Што треба да превземете?!

popara15 октомври, 20121min00
bolki

Болката во грбот е една од најчестите и најактуелните заболувања денес. Навиката да се живее седејќи, опасните работни навики за здравјето и психолошките услови поврзани со емотивен стрес кои допринесуваат појава на грчеви во мускулите, сето тоа предизвикува болки во грбот. Грбот ја поднесува севкупната тежина на телото, а лицата со прекумерена телесна тежина го чувствуваат напорот особено кога се изложени на напорна работа или кога носат дополнителен товар на своето тело.

Кај повеќето случаи, болката вообичаено се чувствува или во средишниот дел на грбот или во долниот дел на грбот. Таквата болка може да се прошири и на двете страни околу струкот или на колковите. Во состојба на акутна болка, пациентот не е во состојба да се движи и најчесто мора да лежи. Околу 90% од пациентите со болка во грбот патат од т.н. цервикално или вратно заболување или болка во крстот или спондилоза. Тоа претставува дегенеративно нарушување каде пршленот се прилепува преку коскените соединувања. Како резултат на сево ова, р`бетот ја губи својата флексибилност.

Главните причинители за болка во грбот и спондилоза се мускуларната тензија, напрегањето на глуждот, несоодветната положба на држење на телото и несоодветната исхрана која резултира со диететски грешки и недостаток на физички вежби. Останати причинители се стресот и напрегањето кое е предизвикано од време поминато во седечка состојба, несоодветно дигање на тежина или тегови, високи потпетици и емотивни проблеми кои заедно можат да предизвикаат болни грчеви во мускулите.

Како да ги намалите болките?!

Диетата на лицата кои патат од болки во грбот треба да се состои од салата направена од свеж зеленчук, како на пример од домати, морков, зелка, краставица, ротква, марула и најмалку два вида на зеленчук подготвен на пареа, како на пример карфиол, зелка, морков, спанаќ и изобилство од овошје, освен банани. Лицето треба да има четири оброка дневно. Се советува појадокот да се состои од млеко и овошје, зеленчук подготвен на пареа и палачинки за ручек; свежо овошје или овошен сок навечер и сварена или свежа салата со никулци за вечера. Лицето треба да одбегнува масна, зачинета или пржена храна, потсирено млеко, засладени бисквити и шеќер, зачини, чај и кафе. Храната која е процесирана и термички преработена за подолго време е сиромашна со хранливи состојки и таква треба особено да се одбегнува.

Пушењето или земање на тутун во некоја друга форма треба да се прекине веднаш. Топлото поттикнување, наизменичното триење со ексфолијант или апликација на топла облога на грбот овозможува инстантно олеснување. Сеансите од јога се мошне корисни кај третманите против болка во грбот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag