
Приватната плажа во Вермонт од која ќе се обезбеди спектакуларен поглед за натпреварот по едрење за време на Олимписките игри во Лондон се најде на продажба.
Цената е само 100.000 фунти.
Ако мислевте дека добивате само песочна плажа за тие пари, сте се излажале. Со идиличната плажа добивате и еден киоск, кој има дозвола за продавање на разни производи. Исто така има простор каде може да се изградат осум колиби.
Иако плажата е во приватна сопственост, законот наложува таа да биде отворена за јавноста.
Во јануари 2011 година една 45 годишна жена си ја купила оваа плажа за 86.000 фунти и си отворила кафе бар, но сега решила да ја продаде.
Иако се проценува дека сето ова вреди од 65.000 до 75.000 фунти, се очекува дека на аукцијата ќе достигне и 100.000 фунти.
Аукцијата е закажана за 26-ти јули.