Јапонскиот уметник Риусуке Фукахори создава неверојатни три-димензионални уметнички дела со примена на акрилно цртање на повеќе слоеви на транспарентна течна смола. Смолата се меша со зацврстувач или катализатор, дозволувајќи му на Риусуке да слика на секој нареден слој (слично како 3D печатач), за на крај да создаде „скулпторско сликарство”, кое може да се гледа од различни агли и гледни точки. Реално и прекрасно!