Овој неверојатен автомобил беше претставен на авто-шоуто во Женева пред неколку месеци. Електричниот супер автомобил ќе има 402 коњски сили, и ќе развива брзина од 100 километри на час за само 4 секунди. Максималната брзина ќе биде 209 километри на час, доколку го користите дополнителниот мотор со три цилиндри, а доколку го користите само електричниот мотор ќе може да достигнете максимална брзина од само 50 километри на час. Уживајте во овој прекрасен супер-автомобил.