Со желба да го зголеми пенисот 50-годишниот тајланѓанец во нелегална клиника бил подложен на процес на инјектирање на маслиново масло во пенисот. Пет години потоа деобил инфекција, а лекарите утврдиле дека има рак и морале да го отстранат неговиот пенис.

Лекарите во Тајланд ги предупредуваат локалните жители за зголемување на појавата на илегални клиники и упатиле повик да не бараат помош за своите проблеми од нив. Причина за тоа е случајот на 50-годишниот маж, кој по посета на нелегална клиника, во болницата се појавил со инфекција и рак кој е предизвикан од постапката спроведена со цел зголемување на пенисот.
‘Му било срам да дојде во болницата и да побара помош. На крајот веќе немаше избор поради болките кои ги трпел’, изјавил докторот Сурат Китисуп, кој го оперирал несреќникот.
Кога стигнал во болницата тестисите му биле отечени, до тој степен што нараснале до големина на кокос. Ракот на пенисот му се проширил на тестисите, а го фатиле и другите делови на абдоменот.
Пенисот му е отстранет, па иако состојбата на пациентот е стабилна, докторите стравуваат дека ракот ќе продолжи да му се шири.