
Докторите се обидуваат да откријат зошто му се потребни таблети против болки 30 минути пред гледање експлицитен материјал.
Зависно од тоа што ве интересира, порнографијата би требала да биде безболна, но еден 24 годишен маж се жали на силни главоболки кои му се јавуваат по само 10 минути гледање секси сцени.
“Постепено тој престанал да гледа порно филмови, само за да ги избегне главоболките. Не е јасно дека главоболките се предизвикани само со гледање порнографија, додека тие изостануваат за време на сексуалниот однос и мастурбирање”, изјавил еден од докторите на Универзитетот Guru Gobind Singh Indraprastha во Индија.
“1% од човечката популација, претежно мажи, можат да страдаат од главоболка поврзана со сексуална активност. Сепак, само возбудата може да донесе промени во напнатоста на мускулите, чувствителни нерви и циркулација на крвта зајакнување на перцепција на болка во мозокот”, се обидува да објасни еден интересен феномен, Зора Бусе која предава на медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн во Њујорк.
“Несреќното” момче кое поради главоболки не може да гледа порнографска содржина сепак му помагаат таблети против болки по кои чувствува “значително олеснување”, додека Бусе предупредува дека слини роблеми, во ретки случаи, предупредуваат на нешто посериозно како тумор или аневризма.