Неодамна откриените докази наводно укажуваат дека Марија Магдалена и Исус биле во брак.
Иако ова откритие во медиумите одекна како бомба, станува збор за нешто што со години се дискутирало.
Еден фрагмент од папирус со големина од 8х4 сантиметри ги поткопал вековните црковни догми, а сугерираат дека Исус не бил во целибат, јавува Дејли Мејл.
Централниот дел од фрагментот е оној кој го привлече вниманието прво на историчарите, а подоцна и на медиумите. Таму е напишана реченица во која Исус им се обраќа на своите следбеници, а говори за својата жена, а се претпоставува дека тоа е Марија Магдалена.
Исус ја бранел од критики својата сопруга и навел дека таа била негов ученик.