Најбрзиот воз во Европа, италијанскиот супервоз „Frecciarossa 1000“ кој вози со брзина од 400 километри на час, ќе биде претставен во вторник навечер на специјализираниот саем во Берлин.
Frecciarossa 1000 (црвената стрела) од 2014 година ќе вози на релација Рим и Милано и тоа за 2 часа и 2 минути.
Возот е конструиран од страна на италијанецот Ансалдо Бред, компанија ќерка на Finmeccanica во соработка со Bombardier.
Возот е долг 202 метри, се состои од осум вагони со 465 места, а интересен е фактот дека ова е најтивкиот воз во светот.