Италијанскиот хотел Monastero Santa Rosa – е вашиот избор!

popara19 август, 20128min00
monastero_santa_rosa_17

Преубавиот брег на Амалфи во јужна Италија во себе крие безброј мистериозни места. Некои од нив ги будат сетилата и имагинацијата, додека други зрачат со мир и тишина. Monastero Santa Rosa успева да биде истовремено и извор на инспирација и спокојство.

Сопственичката на манастирот Бијанца во соработка со локалните неаполски дизјанери одлучила да создаде елегнатен амбиент полн со италијански антиквитети. Лично по своите патувања во Италија бирала единствени парчиња достојни за манастирот. Сепак, најголемо богатство на ова место е погледот. Погледот се протега на прекрасниот брег и залив на Салерно, кои стои во рамките на прозорите и балконите кои се поставени кон морето.

Гостите желни за мир ќе уживаат во библиотека или покрај базен со чаша ладен зелен чај. Авантуристите можат да откриваат сончеви тераси и да влегуваат во тајните градини. Се е подредено за опуштање и црпење енергија. Идеален одмор од секојдневието!