Избегнете екстра килограми во текот на зимата

popara15 ноември, 20121min00
ishrana

Зимата не треба да биде период во годината кога таложиме килограми под дебелата облека. Можно е да ја избегнете стапицата и пролетта да ја дочекате со витка линија. Нутриционистите откриваат како…

Свежите намирници и физичката активност ја намалуваат можноста од прекумерна телесна тежина.

За да не добиеме повеќе на тежина, треба да се движиме што повеќе – најмалку 30 минути одење на ден. Никако не се затварајте во четири ѕида. Неопходно е да го спречите паѓањето на имунитетот и да ја зголемите витаминската доза со цел да се задржи физиолошката рамнотежа.

-Во текот на зимските денови добро е да јадете 300-400 грама црн леб, кој содржи Б комплекс, кој не можеме да го најдеме во белиот леб. Јогуртот и млекото се препорачуваат, бидејќи така добиваме и витамини кои се растворливи во млечните масти, а кои се неопходни за сила на организмот. Слободно можете да јадете и малку масно месо, околу 200 гр дневно. Никако не треба да го заборавите зелениот зеленчук, грашок, компир и грав. Овошјето треба да го консумирате секојдневно и тоа меѓу 600 и 900 грама. Од пијалоци во текот на зимата, најдобри се природните овошни сокови и чај кој содржи многу витамин Ц, а тоа е чајот од шипка – вели нутриционистот Љубомир Пфаф.

Течност

Логично е во текот на летото да се пие повеќе вода, бидејќи ни е топло и се потиме, но на телото течноста и е потребна и во зимските денови.  Во ладните денови може да се случи телото да ни дава сигнали дека му е потребна течност, а ние тоа чувство да го замениме за глад и непотребно да јадеме. Уверете се дека внесувате доволно течности со помош на следните трикови: немојте да почувате со ручек ако не сте се напиле две чаши вода од доручекот, а истото правило применете го и до вечерата и пред спиење.

Појадок

Нутриционистот Сара Грејвс препорачува доручек од 200 до 300 калории, но со цели житарици. Така енергијата ќе се задржи подолго и нема да се чувствувате уморно како кога јадете бели пецива или производи во кои има бел шеќер и лоши јаглени хидрати. Ако редовно не вежбате, телото сигурно ќе има помалку енергија.

Сезонски намирници

Бирајте сезонски намирници и обидете се да ги купите колку е можно посвежи. Овошјето и зеленчукот мора секојдневно да бидат на мени, бидејќи имаат малку калории, а многу влакна и вода и прават да бидеме сити. Кога одите на пазарење, бирајте тикви, крушки, мандарини, лимони, брокула.

Скара

Само затоа што не можете да направите скара надвор, не значи дека целата храна треба да ја пржите на масло. Користете електрична скара или грил тефлон и подготвувајте ја храната на поздрав начин, со помалку масло.

Супи

Покрај тоа што ве загреваат за време на ладните денови, идеални се, бидејќи имаат малку калории. Откриваме еден трик со супа – некои нутриционисти секогаш јадат мала чинија супа пред ручек, бидејќи така се заситуваат и не јадат премногу од останатата храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma