Ја лажирал сопствената смрт за да види на кого ќе му недостасува!

popara24 мај, 20121min00
t42q

Сите барем еднаш во животот сте се запрашале што ќе се случи кога ќе ве нема, на кого ќе му недостигаме, кој највеќе ќе плаче, но Марк ака holdkris99 се обидел тоа и да го дознае.

Овој млад човек на страницата Метафилтер одлучил да направи лажен профил тврдејќи дека е неговата сопруга и така ја објавил својата смрт.

На споменатата страница тој 6 години го градел својот профил, развивал односи со други луѓе и пишувал блог. Неговата улога на споменатата страница била да им помага на луѓето, а кога ја објавил својата смрт луѓето навистина биле тажни.

На 16 мај „сопругата“ на Марк ги информирала администраторите на страницата дека нејзиниот сопруг за време на викендот извршил самоубиство, а тие и овозможиле пристап за да ја раскаже својата приказна.

Луѓето ја сфатиле многу сериозно, плачеле, пишувале илјадници пораки за поддршка.

Се до моментот кога администраторите не дознале од пријателите на Марк дека тој е жив бидејќи пред неколку дена биле заедно. Потоа Марк бил откриен дека на Фејсбук ставил фотографија неколку дена по неговото наводно самоубиство, па така целата приказна била откриена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag