Ја напушта најдобрата професија во светот, дегустатор на чоколади!

popara15 јули, 20121min00

Ангус Кенеди не му здодеала професијата и дегустирање на разни чоколади, туку му се заканува опасност од инфаркт, бидејќи се здебелил 12 килограми. Тој дневно јадел околи 900 грама слатки.

Можеби не најдобрата, но дефинитвно најслатката работа во светот е дегустирањето на чоколади. Светскио познатиот дегустатор Ангус Кенеди (47) сепак реши да се повлече и да ја промени својата кариера.

Лекарите го советувале дека доколку не престане да јаде благо му се заканува опасност од инфаркт. Нивото на холестерол му е исклучително висок и затоа решил да стави точка во оваа професија.

„Ќе ми недостига работата. Да јадете чоколади и така да заработувате пари е работа од соништата. Имав можност да ги пробам најлудите и највкусните слатки во светот, а потоа да раскажувам за нив. Единствен проблем кај јадењето чоколади е дебелеењето и нивото на холестерол. Се здебелив многу, а прегледите покажаа дека моите артерии не се здрави“, изјавил разочараниот Кенеди.

Тој сега се посветил на вежбањето за да се врати во форма и да ги стопи килограмите. Пишува книга, но не за чоколадите, туку за тоа како ја породил својата сопруга.

httpv://www.youtube.com/watch?v=bNSw0m9rccs

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag