Популарната реалити ѕвезда Ким Кардашијан минатата недела се шеташе на црвениот тепих од Лондон па до југот на Франција промовирајќи неколку свои производи, а покрај тоа и нејзината нова врска со Кајн Вест.Иако секој пат изгледаше прекрасно и беспрекорно, американските медиуми ја нарекоа крадец на стилови бидејќи скоро сите нејзини креации се веќе видени на други познати личности.
Минатата недела во Лондон носеше фустан на Стела Мекартни кој еден месец пред тоа го носела манекенката Миранда Кер на забава во Лос Анџелес.Потоа на забавата на Диди се појави во креација на Еmilio Pucci.Таа иста креација ја носеше Гвинет Палтроу есента на доделувањето на Еmmy наградите.
Oваа недела на премиерата на филмот Cruel Sumer носеше ист фустан како ѕвездата на Викторија Сикрет, Александра Амбросио уште минатата година.