Навикната е се да споделува со своите обожаватели, а денес им откри и некои тајни од својата убавина.
31- годишната Ким Кардашијан им покажала на 16 милиони фанови како се подготвува за модно снимање.
Со цел да им покаже дека напорната работа резултира со нејзиниот финален изглед, Ким го фотографирала својот make up експерт Скот Барнс додека ја обавува својата работа. Сепак, целокупниот изглед е некомплетен без добра подлога – а нанесувајќи коректор, кој за неа е основа за добар изглед, Ким изведувала смешни изрази на лицето.
Снимала со сестрите Кортни и Клое, за промоција на нивната нова Кардашијан колекција во Велика Британија.
“Иако ова е почетна фаза, едвај чекам да го погледнете целиот едиторијал, многу се радувам”, објавила на својата Твитер страна.
Судејќи според фотографиите, едно мора да се признае, Ким е еднакво убава и со шминка, но и без неа!