Ема Онил (22) усепала да се извлече од канџите на анорексијата!
Младата британка на 18 години имала само 13 килограми, колку што имаат четири годишни девојчиња. лекарите тогаш и кажале дека има најтежок облик на анорексија што тие некогаш го сретнале. Толку била слаба што не можела ниту да лежи, бидејќи коските и биле испкнати и како мечеви ја повредувале нејзината тенка кожа.
Целото нејзино семејство страда поради нејзината опсесија да биде слаба. “Во тоа време не почувствував колку всушност сум болна. Не бев свесна што си правам себе си и на моето семејство”, изјавила Ема.
“Не можам да се сетам како сето тоа започна. Воопшто не бев буцкаста тинејџерка”, раскажува Ема, сега менаџерка на кафуле.
Родителите ја отпишале од училиште и ја испратиле во болница, а медицинските сестри буквално ја присилувале да јаде. Со лекување започнала кога за малку не настрадала на улица, бидејќи немала сила да оди. Нејзината борба против анорексија траела осум години и вели дека не сфаќала колку е болна.
“Многу мои драги пријатели, кои не беа толку болни, починаа. Многу сум благодарна што сум тука и што сум здрава”, вели Ема. Таа анорексијата ја опишува како магичен круг од кој многу тешко може да се излезе. Поради тоа е активен борец против оваа болест и со совети им помага на девојките да се лекуваат.