Ја тужел жената дека е грда и го добил случајот

popara13 септември, 20121min00
brak

И во добро и во зло, но само ако си убава! Кинез ја тужел сопругата откако дознал како изгледала пред пластичните операции…

Џиан Фенг од Кина ја тужел сопругата кога дознал дека пред естетските корекции била “грда”. Ниту љубовта, ниту бурмата, ниту семејството не биле важни во оној момент кога на свет дошла приновата.

Бидејќи, на убавиот Џиан Фенг детето му било “грдо”, се посомневал дека жената го изневерила и дека детето не е негово.

За да го убеди дека таа му била верна, му покажала свои фотографии пред пластичните опарации со кои се разубавела.

Џиан ги погледнал фотографиите, бебето, и повторно фотографиите и ја тужел неговата жена барајќи и надомест од 120.000 долари.

Тој барал пари “бидејќи сопругата го измамила дека е убава и преку тоа вовлекла во брак”.

Што е најлошо, го добил случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma