Манекенката која победила во телвизиското шоу и натпреварување „Нов топ модел во Холандија“, ја добила тужбата против агенцијата Елит која ја отпуштила бидејќи наводно имала многу премногу широки колкови.
Судот во Амстердам пресуди дека Ананда Марчилдон (25) има права на наградата која ја добила во емисијата во 2008 година, а тоа е договор вреден 75.000 евра.
Манекенката тврдела дека е отпуштена и дека работела за само 10.000 евра.
Во судската одлука било наведено дека колковите на манекенката во време на потпишувањето на договорот биле 92 сантиметри и дека агенцијата Елит не можела да бара да се намали обемот на 90 сантиметри.
Манекенката ќе ги добие и останатите 65.000 евра надоместок.