Канадската биотехнолошка компанија Okanagan Specialty Fruits го претставила овошјето на иднината.
Нил Картер, основач на Okanagan, ги претставил јаболките кои долго ја задржуваат својата боја и остануваат свежи откако ќе се пресечат на половина. На јаболките нема да се појават кафени дамки ни по неколку недели.
Се работи за генетски модифицирани јаболка на кои им е отстранет генот кој е одговорен за овие промени, што значи дека јаболките можат да останат црвени или зелени неограничено долго.
Картер се надева дека што е можно поскоро ќе добие дозвола за продажба на овие јаболка. Доколку ги добие сите потребни дозволи, јаболката во продавниците можат да се појават во 2014 година.
Во Канада некои организации веќе започнаа потпишување петиции кои бараат забрана на производство и продажба на ова овошје.