Две јаболки на ден се најдобра заштита од кардиовасуларни болести.
Јаболките се драгоцено оружје кое го штити нашето здравје. Јаболките значително го намалуваат нивото на маснотии во крвта, што особено е значајно и кај жените кои ја поминале менопаузата.
Редовното консумирање на јаболки дава одлични резултати за зачувување на кардиоваскуларното здравје. Нивото на холестерол се намалува и за 25%, а тој е главниот причинител за стеснување и запушување на артериите.