Ако ја намалиме конзумацијата на храна со 40% ќе го продолжиме животот со 20 години, покажала најновата студија спроведена во универзитетскиот колеџ во Лондон.
Британските научници се надеваат дека новото истражување ќе им помогне да ги откријат иновативните начини за борба со стареењето и болестите кои не напаѓаат. Со менување на режимот на исхрана можете да го подобрите и продолжите животот, категорични се експертите.
По време на лабораториските анализи експертите успеале да го продолжат животот на гризачите со 30% како последица од намалувањето на конзумацијата на храна со 40%.
И така со помош на соодветна диета и режим експертите се надеваат да го намалат ефектот на генетски мутации кои водат до развој на Алцхајмер.