Црното грозје е моќен плод на природата кој го намалува крвниот притисок за пет посто, а холестеролот за 14 посто.
Истражувачите направиле една студија во која учество земале 34 непушачи. Нивната секојдневна исхрана била збогатена со црно грозје. По направените тестови на крвниот притисок и на холестеролот во крвта утврдено е дека за само две недели кај нив се случиле големи промени. Нивото на холестерол се намалил за 14%, а крвниот притисок се намалил за 5%.
Тоа докажува дека грозјето е храна која го штити срцето и болестите кои се поврзани со срцето и крвта. Нутриционистите советуваат секојдневно да консумираме црно грозје.