
Потребни состојки:
1,5 кг. јагнешки бут со коска
1 врзоп мајчина душичка
2 гранчиња рузмарин
2 чешниња лук
6 лажици маслиново масло
1 лажица вегета
Сол и црн пипер
200 мл. бело вино
1 гр. компири
Припрема:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исецкајте ја мајчината душичка и половина рузмарин, па во зачините додадете го ситно сецканиот лук и 3 лажици масло. Измијте го месото и премачкајте го со подготвената маринада, па посолете го и наросете црн бибер.
Испржете го јагнешкиот бут на преостанатото масло, па префрлете го во тава, полијте го со 100 мл. вино и печете околу еден час.
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки, распоредете ги во тавата околу месото, зачинете ги со преостанатиот рузмарин, вегетата, додадете го останатото вино и малку вода и гответе во рерна уште еден час.
Послужете го јагнешкиот бут со компирите на чинија за сервирање. Добар апетит!