Најновата студија покажа дека јагодите се особено полезни за општата здравствена состојба на човекот и штитат од мозочен удар, диабет или проблеми со крвоносниот систем. Редовната конзумација на овој волшебен дар од природата ви гарантира добро здравје и силен имун систем. Освен тоа има големо позитивно влијание врз изгледот на вашата кожа, коса и нокти.
Јагодите го зголемуваат нивото на антиоксиданси и други заштитни механизми, а истовремено го намалуваат нивото на липидите и холестеролот во крвта што придонесува да се намали ризикот од појава на разни видови болести.
Јагодите исто така штитат и од диабет. Единствено што треба да направите е да не ги потопувате во шлаг или шеќер, туку да ги јадете свежи без никакви додатоци.
Јагодите не смее да се замрзнуваат или варат бидејќи со тоа ја губат феноменалната арома и своите лековити својства. Затоа не ви препорачуваме слатко од јагоди бидејќи немате никаква полза од тоа и притоа има голема концентрација шеќери.