Компанијата Јагуар во пресрет на авто салонот во Париз ја објави првата фотографија од својот нов спортски двосед, моделот F-Type.
Компанијата го најави овој модел уште на почетокот на месец април, кога беше прикажан само прототипот. Тогаш беше кажано дека за разлика од концептот C-X16 Coupe, од кого е изведен, серискиот модел најпрво ќе биде понуден како roudster.
Јагуар нема да се откаже ниту од купе верзијата, а се очекува да се понуди кон крајот на 2013 или почетокот на 2014 година.
F-Type ќе има V6 мотор со 340 ks, додека најсилниот F-Type R под хаубата ќе има 5.0 литарски V8 мотор.
Сите останати информации ќе бидат соопштени на авто салонот во Париз.