Jaguar F-Type Roadster

popara2 октомври, 20121min00
avto

Роудстaр F-Тип личи многу на концептот CX-16 и е еден исклучително прекрасен автомобил. F-Тип е помал од XK, но изгледа  многу подобро и сигурно ќе успее да го украде вниманието на љубителите од постариот негов претходник.

Првично возилото ќе биде достапно во три варијанти: F-Тип, F-Тип S и F-Тип V8 S. Се очекува подоцна кон линијата да се приклучи и F-Тип R верзија. Основниот и “S” моделот се напојуваат од 3-литарски V6 мотор, а во основниот модел агрегатите произведуваат 335 коњски сили, а кај “S” верзијата коњските сили се 375. Првиот забрзува од 0 до 100 км / ч за 5.1 секунди, а ” S ” – за 4.8, а кај основната  варијанта на F-Тип максималната  брзина е 259 км / ч, а кај F-Тип S таа е 275 км / ч.

Највисоката класа F-Type во моментот – V8 S, пак, користи V8 мотор и достигнува  488 коњски сили. Вртежниот момент кај овој агрегат достигнува 625 Нм. Од 0 до 100 км / ч V8 S постигнува за 4.2 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 298 км / ч.

Сите три верзии на роудстар се опремени со осумстепен “Quickshift” автоматски менувач, кој создава притисок од моторот до задните тркала на возилото.

Шасијата и каросеријата на F-Тип пак се целосно од алуминиум, што помага  во олеснувањето на конструкцијата на возилото и го прави “јагуарот” со најцврста шасија. Ентериерот изгледа врвен – сè во кабината е дизајнирано со идеја  за максимална удобност на возачот и патниците.

F-Тип ќе се продава на британскиот пазар за 58.5 илјади фунти за основниот модел, 67.5 илјади фунти за “S” верзијата и 79.950 фунти за V8 S конфигурацијата. Првите примероци од Jaguar F-Тип ќе се појават во изложбен салон во Велика Британија на почетокот од 2013 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma