Jaisalmer – Песочната бајка на Индија…

popara2 март, 20123min00
576u67

Грандиозниот песочен дворец Jaisalmer е најголемата гордост на истоимениот град, но и на целата област  Rajashtan. Ова место, всушност е потврда на долго време изгубеното пустинско царство „ златниот град на соништата“, кое ги надминува очекувањата и на најголемите авантуристи.

Се воздигнува на планината Трикута, а изграден е во 1156 година и е еден од најстарите замоци во оваа област. Во внатрешноста на неговите фасцинантни ѕидини високи околу 30 метри се наоѓа стариот град, голем речиси колку четвртина од градот Jaisalmer. Ganesh Pol, Suraj Pol, Bhoot Pol и Hawa Pol се имињата на четирите влезови на дворецот, од кои секој е украсен со прекрасни арки и мали храмови. Тесните улички создаваат вистински туристички лавиринт.

Кога сонцето заоѓа, доаѓа до преубава рефлексија на светлината, односно целиот дворец „апсорбира“ неверојатна златна боја, која го инспирираше индискиот  писател и филмски директор Satyajita Raya, да го сними криминалистичкиот филм „ Златниот дворец “. Некогаш, ова место било важна трговска точка и врата на свилата, а денес е важна туристичка дестинација. Меѓутоа, поради проблеми со одводнувањето, силните монсуни и преголемата концентрација на луѓе, оваа песочна бајка почнува да тоне. Затоа, не ја испуштајте приликата да ја посетите оваа легенда, додека сеуште живее…

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag