Еден Јапонец на аукција ја понудил Земјата!
Но, она што е почудно е тоа што тој до денес собрал околу 2.772 понуди со моментална цена од 123.472.279 американски долари, пишува Машејбл.
Аукцијата започнала со почетна цена од 0, 86 долари кои што од час на час растеле. Можеме само да претпоставиме дека победникот нема навистина да плати стотици милиони долари. Она што е посебно занимливо е описот на „понудениот производ“ во кој итриот Јапонец напишал дека Бог му ја дал планетата па затоа сега тој може да ја понуди на аукција. Понудувачот барал и потенцијалните купувачи да му достават писмо во кое што ќе ги опишат своите намери за тој да знае дека станува збор за сериозни купувачи.