По 20.000 поминати километри со точак, јапонецот Рио Асаџи кој тргнал на пато околу светот со велосипед неможел ни да претпостави дека во Србија ќе доживее најнепријатна ситуација.
Додека бил во шопинг центарот Ушче тој надвор уредно си го врзал велосипедот, но кога се вратил му го немало.
Според зборовите на јапонецот тој во центарот поминал само дваесетина минути, а кога се вратил велосипедот не му бил на местото каде што го врзал.
„Веднаш се јавив во полиција, а оваа непријатна ситуација ја пријавив и во амбасадата на Јапонија“, изјавил Асаџи.