Канон најави прекин на производството во три од вкупно четри фабрики во Кина. Слични мерки спровел и Панасоник, додека Тојота затворила и неколку свои продавници за автомобили. Мерките привремено ќе важат, а причината е загриженоста за безбедноста на вработените, обајвиле комапниите.
Во саботата и неделата имало повеќе антијапонски протести во Кина, поради територијалниот спор меѓу овие две држави.
За време на антијапонските протести илјадници кинези излегле на улиците, а потоа почнале да ги напаѓаат продавниците со јапонски производи. Кинезите палеле и јапонски автомобили, а во еден град демонстрантите влегле и во јапонска фабрика.
Јапонскиот премиер ги повикал властите во Кина да го запрат насилството врз јапоснките државјани и имот.
Територијалниот спор межу овие две земји драматично ескалирал во петокот кога Кина испратила неколку разузнавачки бродови до ненаселените острови во источното кинеско море, а тоа ги подигна тензиите меѓу овие две држави.
Пекинг ги смета островите за кинеска територија, која била незаконски одземена од Јапонија во 80-те години на 19 век. Спорот околу островите се заостри во 70-те години од 20 век, кога во регионот беа најдени резерви на природен гас и нафта.