Од силниот удар децата летале неколку метри, малиот Оливер починал на лице место, додека Софија починала подоцна.
Страшна сообраќајна несреќа во Лестерн, Велика Британија.
Децата биле удрени од БМВ кое со огромна брзина налетално на нив, а кое прво удрило во друго возило.
„Автомобилот удри во луѓето кои стоеа на пешачкиот и чекаа да се запали зелено светло за да поминат. Видов како еден маж почна да вика и плаче над детето, кое недаваше знаци на живот“, изјавил еден очевидец.
Автомобилот марка БМВ прво удрил во друг автомобил, а потоа во децата. Полицијата ги привела возачите на двата автомобили, но подоца биле пуштени со кауција.
http://www.youtube.com/watch?v=wBKRW9G0N2k&feature=player_embedded