Јужноафриканскиот бизнисмен си купил дополнителна заштита, односно бенгалски тигар кој го крстил Ензо.
Тигарот е тежок 150 килограми, а живее со Мајкл Џејмисон и неговата девојка Џеки. Отсекогаш сум сакал да имам тигар, а одлуката ја донеле откако два пати биле мета на вооружени грабежи.
„Се чувствувам многу сигурно кога е Ензо тука. Сакав тигар и сега го имам“, изјавил Мајкл.
Тигарот кој има една година всушност е едно големо бебе. Тој спие со своите газди во кревет, а ужива да јаде на кујнската маса.
Секој ден го хранат со млеко од шише, а покрај тоа јаде и 4 килограми месо на ден. Веднаш откако бил донесе да живее во семејството, полицијата и офицери од оделот за заштита на животни дошле да ја проверат неговата состојба.