Каде грешиме ние жените при изборот на маж?!

popara18 јануари, 20121min00
1

Многу е интересно тоа како жените ги избираат мажите во својот живот. Нема правило кое ќе ти посочи кој е точниот човек за тебе. За какви хормони и феромони да зборуваме, вистината е дека нашиот начин на размислување и поведение, го привлекува точно оној што сме го извикале. И големото разочарување после тоа е само доказ дека никој друг, а ние самите сме виновни за она што се случило со нас. Затоа многу неправедно ја обвинуваме Судбината, криејќи се зад поговорката која вели дека така било пишано…Факт е дека лошите момци како магнет ги привлекуваат жените. Во извесна смисла им придаваат таинственост, смелост, дрзкост, додека на крајот не сватат дека всушност се само зли, а жената едноставно следната играчка која можат да ја скршат. Целиот ореол на забавниот, смел и безстрашен рицар тоне во минатото со лице на празен, капризен и студен манипулатор. Во истото време точно пред носот ни стоел вистински достоен маж, кого веројатно не сте го ни забележувале, зошто не се прославил со улични подвизи. Тој не блескал Бог знае со каква убавина, обично изгледа сив и безличен, но тоа е само површински. Внатре во него е неговата вистинска сила. Тој никогаш не би ја повредил жената до себе и по правило секогаш се вљубува во онаа што празноглаво и глупаво демонстрира краткотрајна среќа со уличниот  гамен. Понекогаш животот ќе се смилува над неа и најпосле таа ќе прогледа, за да може да направи разлика помеѓу добриот и лошиот. Но ова се случува редко.

Иначе жената го добива точно она што си го избрала сама и кога ќе види дека имено таа е скршената играчка ќе се чуе плач. Но мажот кој и го направил тоа е глув. На кого му е грижа за скршена играчка кога толку нови се тркалаат околу него. Може само да се надеваме дека добриот ќе се наведне и ќе ја земе. Веројатно и ќе ја поправи. Тоа го можат добрите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma