Какаото – волшебен еликсир за здравје

popara28 април, 20121min00
z

Добра вест за сите љубители на чоколадата кои се потешко наоѓаат достојно оправдување за количеството чоколада што секојдневно го консумираат.

Да бидеме попрецизни, следниве неколку редови се однесуваат најмногу за квалитетите и ползата на какаото, а не на млечните чоколади например.

Истото се однесува и на црната чоколада, која можете да ја најдете насекаде, но треба да содржи не помалку од 70% какао.

Во какаото има материја наречена флавонол – стимуланс познат уште како теобромин или епикатехин, кој ја подобрува функцијата на крвните садови.

Тој представува и силен антиоксиданс, кој ги штити клетките од инфекции.  Овие квалитети на какаото ги активираат заштитните механизми во организмот против болести на срцето, пред се инфаркт, деменција и рак.

Освен тоа какаото, како медот и сувото овошје имаат голема антиоксидантна активност и ефикасно се бори со слободните радикали одговорни за процесот на стареење.

Освен тоа какаото го зголемува нивото на серотонин во организмот, познат како хормон на среќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag