Ананасот не само што помага за намалување на телесната тежина, но е и многу богат со витамини и минерали.
За да се избавите побрзо од излишните килограми, кои се натрупале зимава, може да си помогнете ако го вклучите ананасот во своето секојдневно мени. Диетолозите тврдат дека така за само 7 дена можете да се ослободите од 3 килограми.
Но истовремено со ова треба да пиете и многу течности, чајеви, свежо цедени сокови од грејпфрут и лимон, минерална вода и задолжително зелен чај наутро и навечер.
Ананасот содржи калиум неопходен за работата на срцето и бубрезите, цинк кој активно учествува во одржувањето на здрава и убава кожа и многу магнезиум кој е неопходен за коските и нервниот систем.
Доволно е после секое јадење да пиете по една чаша свежо исцеден сок од ананас, тврдат американските диетолози. Според нив ова егзотично овошје помага при разградување на мастите и го спречува нивното натрупување, а истовремено го снабдува организмот со многу полезни материи.