Како бирате облека, исто така го избирате партнерот!

popara19 октомври, 20121min00
1

Дали изборот на партнерот и вашата облека имаат нешто заедничко? Навидум нелогично прашање, но прочитајте ги категориите, сигурно некаде ќе се пронајдете.

1.  Секогаш избирате брендирана облека.

Ако во вашиот плакар се наоѓа само брендирана облека и ако секогаш ви е поважно што имате, а не колку, па дури и кога имате ограничени средства останувате на ваквиот избор, тогаш многу е веројатно дека покрај вас сакате да имате некој оригинален, кој ќе биде само за вас. Со тоа имате јасно поставена цел што сакате и за што се борите. Не се откажувате лесно од него/неа и стоите цврсто зад својот избор.

 

2.  Правите компромиси

Вие ја обожавате брендираната облека, се чувствувате свои кога ја носите, но тоа не значи дека не би направиле отстапки. Во случај на помал буџет би избрале и поевтини парчиња и ќе се обидете да се задоволите со помалку, под услов да не видите дека некој друг кој го носи истото. И вие барате оригинален партнер, таквите ви оставаат впечаток, но повеќе мечтаете за нив, отколку што навистина ги имате. Би прифатиле и поинаков, „пообичен“ партнер, макар што нема да ги задоволува сите ваши стандарди. Ви недостига храброст и самодоверба за да барате повеќе.

 

3.  Брендот не е битен, акцентот е на стилското и убавото

Битно  ви е како изгледате, но не ви е најбитна етикетата. Секогаш би избрале облека што одговара на вашата фигура, го задоволува вашиот вкус, без разлика од каде е купена. Посветувате внимание на тоа каков впечаток ќе оставите, трудејќи се да изгледате средено секогаш. Вие паѓате на атрактивен партнер кој е во центарот на вниманието, но ве третара вас на специјален начин. Токму тоа го храни вашето его.

 

 

 4. Недефиниран став

Немате дефиниран став во врска со облеката, често изборот го правите во зависност од околината. Ви се допаѓа тоа што им се допаѓа на луѓето околу вас, или она што моментално е во тренд без разлика како вие изгледате во него.  Тоа значи дека сте неодлучни и при изборот на партнер. Многу често не знаете што сакате, ги менувате критериумите за избор и важно ви е туѓото мислење, што може да резултира со потешкотии во градење на стабилна врска.

 

5. Важно е само да се привлече внимание

Секогаш ви е важно да привлечете внимание со вашата облека, без разлика дали тоа ќе изгледа вкусно или не. Сакате да бидете забележани, а тоа значи дека или копнеете по туѓото внимание кое ќе ви ја зголеми самодовербата или ќе ја пополни празнина која моментално ја имате. Поради тоа често завршувате со партнер кој можеби и не е вистинскиот избор за вас, но е уште еден кој ви посветил внимание. Не размислувате многу и не ги анализирате карактерите на партнерите, туку изборите ги правите молскавично, во моментот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag