Иако во моментот е многу зафатена со турнејата, пејачката најде време да го прослави 14-от роденден на својата ќерка.
Во петокот, ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија го прослави 14-от роденден, а пејачката за таа прилика искористи да и го честита пред сите свои фанови. Бидејќи моментално е на турнеја и патува од едниот до друг крај на свет, на Цеца најлесен начин е да испрати јавна порака преку својот Твитер профил, и така уште еднаш да и го честита роденденот, а во истовреме да ги извести и своите обожаватели.
– Драга моја Анастасија, среќен роденден. Секогаш да ми бидеш среќна. Те сакам, напиша пејачката на својот профил.