Како да го вратиш саканиот???

popara20 октомври, 20121min00
heart_broken

Човекот на твојот живот не е повеќе твој! Сакаш да го вратиш? Мислиш дека е невозможно? Прочитај ја оваа статија и размисли повторно.

Љубовта се подчинува на свои закони – кога ќе ги разбереме, ние имаме многу поголема контрола над она што ни се случува. Љубовта завршува кога и двајцата партнери се откажат од неа. Ако вие не сте се откажале, имате многу шанси да ја обновите врската.

Разделбата може да биде привремен проблем или пак дефинитивен крај на врската. Тоа зависи од нашето решение.

Враќањето на љубовта е едноставно само цел! Цел како и секоја друга.

Во секоја врска има период во кој работите не се одвиваат како што треба сами по себе. При првиот критичен момент доаѓа и разделбата. Луѓето живеат со илузијата дека љубовта треба да е само убава и кога ќе се појави проблем, тоа е крајот. Тоа не е точно.

Кога сме болни, ние се лекуваме. Кога имаме проблем на работа, го решаваме. Кога ќе се појават проблеми во љубовта, ние сме склони да се откажеме од еден човек зошто не е идеален.

Има ли логика во тоа? И проблемот не застанува со распаѓањето на врската. Секој неразрешен проблем се пренесува и на нашите следни врски и тие се одвиваат по истиот начин.

Успеваат да си ја вратат љубовта луѓе кои веруваат дека тоа е возможно и не се предаваат. На истиот начин овие луѓе постигнуваат успех и во другите области од животот. Ако еден успеал во тоа, значи дека можат и сите останати, само треба да го следиме неговиот пример.

Јас го вратив саканиот човек!

Ја напишав оваа статија бидејќи сум од луѓето кои успеале да ја претворат разделбата само во привремена. Сум имала неколку сериозни врски и за секоја една од нив доаѓал моментот на разделба. Денес тие луѓе се мои пријатели и покрај тоа што веќе односите ни се поинакви, сите тие мажи, кои некогаш решиле да го продолжат животот без мене, денес очекуваат само еден збор, за да се вратат во мојот живот.

Кога се разделив со човекот што навистина ми значеше(и кој за среќа и ден денес е со мене) почнав да размислувам и да ги анализирам луѓето околу мене – оние кои успеваа да си ја вратат љубовта и оние кои не успеваа. Започнав да ги забележувам разликите помеѓу едните и другите.

Оние што успеваат да го вратат саканиот човек, тоа го постигнуваат затоа што:

*Веруваат дека можат да си ја вратат љубовта

*Сакаат вистински и безрезервно

*Не бараат вина во себе или во другиот, туку се обидуваат да се справат со проблемот

*Се посветуваат максимално на тоа да си ја вратат љубовта

*Не бараат замена за саканиот човек веднаш, како што прават повеќето

*Стрпливи се и умеат да чекаат да дојде вистинскиот момент

*Кога тој момент ќе настапи, реагираат без да мислат на гордоста

*Не ги повторуваат грешките

Нема ништо невозможно на овој свет. Ако нешто навистина многу сакате од дното на својата душа, целиот Универзум ќе се потруди да ви помогне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag