Како да ја избегнеме депресијата по празниците?

popara12 јануари, 20121min00
2

Дали навистина во ова време од годината се случуваат најголем број самоубиства и луѓето запаѓаат во депресија, или е ова само уште еден мит, не е јасно. Но еве сепак неколку начини со кои ќе го избегнете зачестеното чувство на лошо расположение. Сепак празниците се повод за веселба, а не за депресии…

Секогаш кога премногу се трудиме и залагаме да направиме се перфектно, се испревртуваат работите. Затоа полека и смирено, оставете работите да се случуваат сами по себе и не се оптеретувајте кога нешто нема да испадне онака како што сте планирале.

Без конфликти. Обидете се да не обрнувате внимание на оние работи кои ве дразнат и повторувајте си дека не заслужува никој и ништо да ви наруши расположението.

Сигурно ќе се почуствувате многу подобро ако помогнете дури и со нешто мало на оние кои имаат потреба. Има многу организации преку кои можете да направите едно вакво добро дело. Не е потребно тоа да бидат пари. Можете да соберете стара облека или предмети, дури можете да ги вклучите и пријателите во една ваква благородна иницијатива.

Никогаш не се затварајте дома и не се изолирајте од надворешниот свет. После една убава прошетка ќе се почувствувате ведри и пријатно расположени.

Внимавајте со храната – Вистината е ако се претера со храната, многу веројатно е после тоа да не се чувствувате добро.  Се треба да биде умерено, не треба ни да се ограничувате излишно, зошто сепак храната е извор на среќа, едноставно не претерувајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag