За да проверите дали вашата девојка е заинтересирана за див секс, прво почнете со прашања од типот: „Дали имаш секси играчки, што фантазираш додека мастурбираш, дали има нешто во сексот што отсекогаш си сакала да го пробаш?“ Со овие прашања ќе откриете многу нешта за нејзината сексапилност. Ако се оди добро, потоа можете да дојдете до див и луд секс, доколку се исплаши од овие прашања, покрај себе имате девојка која единствено сака да „води љубов“.
Почнете со тоа што ќе ѝ ги откриете своите сексуални фантазии. Почекајте да видите како ќе реагира на нив. Сепак, внимавајте да останете во светот на фантазијата, не ѝ кажувајте за некои диви сексуални епизоди со поранешна партнерка. Пристапете му на дивиот секс како ново искуство за двајцата. Кажете ѝ дека отсекогаш сте сакале да го пробате, и можете да пробате заедно. Ако знае дека е на исто ниво со вас, ќе се препушти на емоциите да ја водат, а не на разумот.
Гледајте порно филм заедно, обично тие се одличен начин да влезете во расположението на дивиот секс. Дури и ако не сака да гледа вакви филмови, идејата дека сакате див секс, може да ја натера на тоа.