Како да откриете дали таа ве искористува?

popara14 јуни, 20121min00
s1

Има знаци кои дефинитивно треба да ве освестат и да ве натераат да си ги отворите очите! Најпрво одговорете на овие прашања: Жена ли е? Убава ли е? Ако и во двата случаи одговорот е да, шансите да ве искористува барем малку се големи. Убавите девојки навикнале да им се посветува поспецијално внимание. Секоја жена се надева на тоа и се стреми кон тоа, а убавата жена тоа го разбира како нејзино право.

Еве неколку сигурни знаци со чија помош ќе откриете дали вие сте само пластелин во нејзините вешти раце!

Кога сте заедно и ако ве сака таа ќе биде возбудена и среќна. Но ако е смирена и ладна, тоа не е добар знак.

Очекува од вас да и подарувате подароци многу често, со повод или не, или секогаш вие да ја плаќате сметката, вие да плаќате за одмор…Често пати и сама знае да си побара, ако нешто и треба.

Ако флертува и со други мажи додека е со вас, исто така е лош знак.

Ако се интересира повеќе за вашата работа, престиж и некои од луѓето со кои се дружите, отколку за вас самиот, тогаш дефинитивно треба да внимавате, бидејќи таа очигледно е со вас поради вашиот социален статус. Пробајте вака: Престанете да ја водите на елитни места, во високи кругови на луѓе извесно време и наместо тоа поканете ја дома кај вас на филмче. Ако се согласи значи го поминала тестот.

Ако се прави недостапна подолго време или е непостојана – еден ден тврди дека не може без вас, а следните два дена никаде ја нема, тогаш најверојатно има и друг маж во нејзиниот живот.

Таа доминира во врската. Разговарате само кога на неа и е удобно, се гледате само кога на неа и одговара и на места што таа ги избира…Избегнувајте ги жените кои се сообразуваат само со себе си – ќе изгубите многу време, нерви, а и пари со нив.

Бара од вас да ја сослушате, а таа не е тука кога на вас ви е потребно истото. Често сте залеан со нејзините мали проблемчиња, а кога ќе се обидете и вие да споделите нешто, губи интерес и желба да учевствува во разговорот. Вие сте нејзин исповедник и вентил и сте и на располагање секогаш кога ќе и треба некој  за да ги лекува своите нервози и депресивни состојби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma