Никој не очекува дека ќе се опоравиш од емоционалните перипетии за еден ден, само полека и смирено. Откако веќе се е решено, започни со позитивно мислење. Ослободи се од чувството на вина – во крајна сметка дали грешката е во него или тебе веќе и не е важно – едноставно дај си шанса да продолжиш напред.
Не задржувај ги негативните мисли во себе. Разговарај со пријателите колку и да е потребно и тоа ќе ти помогне не само затоа што ќе добиеш подршка и совети од нив, но и со тоа што ќе имаш опција да ја разгледаш ситуацијата од сите страни.
Не се навраќај во минатото. Биди решителна и цврста. Не престанувај да си повторуваш дека решението е за твое добро и како и да се чуствуваш во моментов е подобро од тоа да се вртиш во круг или да се повредуваш.
Не плаши се. Да бидеш сама и не е толку страшно. Не плаши се од тоа да останеш насамо сама со себе и да посветиш внимание на сопствените желби и приоритети.
Излегувај, прави нови нешта. Мисли за сите убави работи кои ти се случуваат и ќе ти се случат како резултат на тоа дека веќе си ставила крај на една напорна врска.
Пријателите се тие кои ќе те подржат и ќе ти помогнат во тешките моменти. Не се изолирај од нив, споделувај, излегувај, забавувај се со нив и ќе разбереш дека нивната подршка и љубов ти помогнала да ги преодолееш негативните емоции.