Како да се мотивираме за утрински тренинг?

popara15 март, 20121min00
www

Многу од нас го мразат станувањето рано наутро и ја користат секоја секунда да се излежуваат во креветот. Меѓутоа убаво е да научите да станувате порано и пред утринското кафе да се погрижите за здравјето и тонусот со неколку вежби или краток тренинг. Единственото од кое имате потреба е малку мотивација…

Направете си план за тренингот, во зависност од резултатите што сакате да ги постигнете. Откако ќе почне да се забележува резултатот од вашиот труд, ќе бидете максимално мотивирани да продолжите со вежбањето и станувањето рано. Тоа најчесто трае две седмици, па затоа потрудете се и дадете се од себе, да издржите овој период, а после веќе ќе ви премине во навика и станувањето рано нема да представува проблем. Освен тоа научно е докажано дека 6-7 часа сон е сосема доволно. Повеќе и помалку од ова не е здраво.

Една многу добра идеа е да изберете трчање наутро, а изгрејсонцето ќе ве исполни со многу позитивна енергија. Доволни се само 20 минути. После ова вие ќе се чувствувате свежо и активно во текот на целиот ден. Ништо не губите, едноставно пробајте! Многу истражувања до сега покажале дека оние луѓе кои вака го започнуваат својот ден се многу посреќни и поуспешни во животот.

Фактот дека станува збор за само 30-40 минути и тоа дали ќе ги преспиете или ќе ги вложите во сопствениот изглед и здравје е мотивација плус и најмалку што можете да сторите за себе. Сите ние можеме да имаме супер секси тело, а тоа без визичка активност е невозможно. Изборот останува на вас и е многу лесен. Едноставно кажете Да!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag