Манекенките кои се заштитни лица на познатиот бренд на долна облека Victoria’s secret, се нашминкани така што секогаш делуваат блескаво и свежо, женствено и заводливо. Со само неколку потези и вие можете да изгледате така.
Ова е совршениот начин на шминкање со кој не можете да погрешите за која прилика и да се работи и на секого одговара, а можете да ја постигнете за само 10 минути.
1. На горната линија од трепките извлечете линија со кафена боја со меко моливче.
2. Нанесете кафена сенка, да се соедини со моливчето.
3. Над линијата нанесете светло кафена нијанса. Нанесете кафена сенка и на долниот капак.
4. Во внатрешниот агол на окотои под веѓите ставете бисерно бела сенка.
5. Поминете го целиот капак со златна сенка.
6. Нанесете маскара.