Нов колега на работа, на факс, заеднички интереси, различни карактери и нови особини кои сте откриле дека ви се допаѓаат лесно можат да се занишаат во најстабилна врска или брак.
Начинот на кој се носите со искушението зборува за тоа каква е врската во која се наоѓате, но го открива и вашиот карактер. Ако сте свесни дека моменталната врска е премногу вредна за да ја упропастите за неколку моменти страст, превземете чекор по чекор за да се ослободите од искушението.
Оддалечете се физички
Избегнувајте ситуации во кои можете да се соочите со својата стратс, а секако избегнувајте средби на само. На тој начин ќе можете да ги разбистрите мсилите и објективно да ја согледате ситуацијата како привремен занес. Ако не сте во можност да се оддалечите, бидејќи работите заедно, работните контакти намалете ги на минимум и пристапувајте многу професионално. Со ризик дека ќе изгледате чудно, намалете ги двосмислените шеги, заводливите погледи и другите ситни игри кои претходно сте ги воделе.
Одредете временски рок
Со помислата дали од тој примамлив флерт може да излезе нешто повеќе, зададете си на себе рок во кој сосема нормално ќе живеете без да помислата на своето искушение. По отприлика еден месец повторно размислете и откријте дали флертот ви недостигал, дали таа личност ве привлекува подлабоко, односно дали се работи само за физичка или психичка привлечност.
Проценете ја ситуацијата
Доколку и понатаму размислувате за вас двајца, за тоа како би бикло да се бакнете или д завршите во еротски клинч, а вашиот долгогодишен партнер полека се губи од вашите мисли, обидете се неколку дена да размислувате на начин како навистина да сте ја прекинале врската. Без сигурноста која таа ви ја овозможува, флертот често не изгледа така привлечно, а тоа е вистински начин да го процените значењето на вашиот партнер за вас.
Активирајте се
Ако сте успеале да го изфрлите искушението од своите мисли, вистинско време е да се посветите на својот однос и да го продлабочите. Бидете свесни дека необјаснива привлечност се случува и дека е можно да се вљубите, дури и ако силно сакате некој друг. Клучна работа е да изградите исполнете врска за да не дојде до овие искушенија.