Како да се заштитиме од пролетните настинки?!

popara12 април, 20121min00
z

Пролетта е сезона во која организмот се чувствува максимално истоштен, со недостаток на потребните витамини, со опаднат имунитет па затоа и изложен на настинки и грипови. Зимата е смрт за имуниот систем, па затоа имаме голема потреба од „пролетно полнење на батериите.“

Која и да е сезоната, обичната настинка представува остра вирусна инфекција – што се одликува со воспаление на некои или сите дишни патишта, носот, грлото, синусите, ларинксот, трахеата и бронхиите. Затоа се препорачува пролетва да консумираме витамини како додаток на исхраната и да се јаде пред се свежо овошје и зеленчук.  Во ваква состојба треба да си дадете време за одмор, да пиете многу течности, за да не се стигне до дехидратација на организмот. Како што добро знаете водата е основен извор на здравје, колку повеќе вода пиете, толку побрзо и полесно ќе бидат исфрлени токсините од организмот. Исто така обидете се да не консумирате месо, рафинирани јаглехидрати, кафе цигари. Белиот леб заменете го со полнозрнест, шеќерот со мед.Со еден збор – изберете здрава исхрана, која ќе ве снабди со сите полезни материи неопходни за силен имунитет.  Исто така се препорачува да се користи ехинацеја, што е една идеална билка која го стимулира имунитетот , ја зголемува секрецијата на лимфите  и е со докажан ефект при грип и настинка. Ја има во вид на таблети.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag